Русикиот народ се изјасни и ја изгласа маскотата која ќе ги претставува Зимските Олимписки игри во Сочи 2014 година. Првото место го освои снежниот леопард, потоа поларната мечка и зајакот. Над еден милион руси го дадоа својот глас за време на избирањето на маскотите, меѓу кои беа одбиени делфин и кафеава мечка. Победникот снежниот леопард, кој бил и фаворит на Владимир Путин освоил 28% од гласовите,следи поларната мечка 18%, а зајакот имал 16% од гласовите.