Опра Винфри овие денови пред 13 илјади гледачи во спортската сала во Чикаго и концертнниот центар, ја сними последната епизода од своето познато ток-шоу, кое на малите екрани се емотуваше во живо дури 25 години.
На снимањето на последната епизода присуствувале дури 13 илјади луѓе кои седеа во публиката, а во самото шоу гостувале бројни амеркиански пејачи, актери и спортски ѕвезди.
На снимањето пееја Бијонси, Алиша Кис, Стиви Вондер, Џејми Фокс, а Опра се дружеше со Том Круз, Хали Бери, Мајкл Џордан и други.
Опра е жената која беше на врвот цели 25 години, изјавила кралицата на поп музиката Мадона. Во шоуто се појавила и Марија Шривер, која минатата недела изјави дека се разведува од Арнолд Шварценегер по 25 години брак.
Точната содржина на оваа епизода која ќе се емитува на 25 мај, сеуште не е позната, но крајот на ова шоу милиони Американци кои секојденвно ја следеле Опра може да ги фрли во очај.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=ITIAANdVt1A