Нешто налик “The X-Factor”, само наменет за публиката од квартовите е новото шоу кое го спрема раперот Snoop Dogg. Тој ја одржал прес конференцијата во еден стриптиз бар во Лондон, каде го најавил својот најнов проект. Шоуто ќе биде наменето за гетото, и нема да биде “нашминкано” за на ТВ, туку реално и ќе го отсликува духот на квартовите.
Тој исто така го најави и Snoopermarkets, синџирот на супермаркети кој планира да го отвори во блиска иднина.