Со авиони сакал да ги дигне во воздух Пентагон и Конгресот во Вашингтон

29 септември, 20110
plasticnim-eksplozivom-htio-je-raznijeti-kongres-i-pentagon-900x600-20110939-20110929073904-4b938d68fcf99f8f8c26c7058f6512aa

Полицијата во САД во средата го уапсила Резван Фердаус(26), за кој постои сомневање дека следбеник на Ал Каеда и дека имал намера со пластичен експлозив да го оштети и разнесе Пентагон и Конгресот во Вашингтон. Се сомнева дека тој се обидувал да и помогне на Ал Каеда во нападите врз американските војници во странство. Тој бил следен неколку месеци и на крај бил уапсен во градот Фрамингем.
Фердаус дипломирал физика во Бостон, и наводно, во почетокот на 2010 година, почнал да планира џихад против САД, пишува Daily Mail. Агентите на ФБИ му се претставиле како членови на Ал Каеда на што тој им поверувал, и за кратко време им ги доверил сите негови планови. Тој им ги предал сите мобилни телефони, кои наводно би требало да ги искористи како прекинувач за детонација на експлозив. Фердаус наводно сакал да го нападне Пентагон со мали авиони полни со експлозив, а водени со помош на GPS уред. Авионите биле доволно големи за можат да носат смртоносен товар.
Фердаус отпатувал во Вашингтон да ги фотографира своите мети и да го дефинира местото од каде ќе ги лансира авионите полни со експлозив. Тајните агенти за кратко време го уапсиле откако предходно го осигурале експлозивот на сигурно место.
Во понеделник Фердаус ќе биде изведен пред суд, каде ќе биде обвинет за тероризам, пишува 24 сата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi