Со штрајк со глад до кралевската венчавка

popara23 април, 20111min00
poziv-na-vencanje-498

Една сиромашна мексиканка која 16 дена штрајкуваше со глад, во обид за да биде поканета на свадбата на британската кралска двојка, сепак ќе патува до Лондон. Естибалис Чавез привлече огромно медиумско внимание кога подигна шатор пред британската амбасада во Мексико Сити и започна да штрајкува со цел да добие покана за на кралската венчавка, јави АР. Во земја каде сиромаштијата, криминалот и дрогата се главни проблеми, многумина и се потсмеваа на нејзиниот штрајк. Но сепак еден човек беше доволно изненаден од нејзината упорност, па и позјами 1250 долари за авионски билет до Лондон, “До мене допре овој настан бидејќи никој не ја разбра жената. Мислам дека има право да се бори за она што го сака“, изјавил тој. Мајката на Естибалис починала на породување, а се што знае тинејџерката за својата мајка е дека многу ја сакала принцезата Дијана. Кога таа слушнала дека Вилијам ќе се жени, таа знаела дека мора да оди до Лондон.

За време на штрајкот таа изгубиле 8,5 килограми и беше во очај кога од амбасадата и рекле дека поканите веќе биле испратени и дека нема место за неа. Таа сака на кралевската двојка да им поради слика која таа ја насликала.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma