Со светот влaдеат 147 компании!

23 октомври, 20110
106424

Швајцарски научници математички докажале дека група на мулти национални корпорации, меѓу кои и три четвртини банки, ја контролираат целокупната светска економија.

Со светската економија владеат 147 мултинационални компании, од кои три четвртини отпаѓаат на баките, тврдат швајцарските научници. Тие изработиле математички модел со кој тоа го докажале и научно, токму во време кога целиот свет врие од протестите против капитализмот.

Тројца научници од Цирих, проучувале 43.060 мултинационални компании. Тие го истражувале нивното сопствеништво на акции, барајќи сличности кои ги поврзуваат тие компании. Користеле техники на комплексни системи за да го пронајдат моделот кој ќе објасни која компанија ја контролира некоја друга компанија и низ која мрежа.

На крајот тие пронашле јадро од 1318 компании со сроден имот, од кои секоја имала врски со две или повеќе корпорации. Во просек секоја од нив била поврзана со уште 20 компании. Така стигнале до податокот дека околу 40% од сопствеништвото на сите мултинационални компании во светот ја држи група од 147.

Некои од банките кои управуваат со светот

Дојче Банка – Германија

Комерц Банка – Германија

Креди Свис – Швајцарија

Сити Груп – САД

Џ.П. Морган – САД

Голдман Сакс – САД

Берклиз – Велика Британија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi