Собарката го идентификувала Штрос-Кан, му се закaнуваат 20 години затвор

popara16 мај, 20111min00
Dominik-Stros-Kan

Извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Доминик Штрос-Кан беше изведен доцна синоќа од полициска станица во Њујорк, каде беше држен од саботата под обвинение за сексуален напад.
Шефот на ММФ ги отфрла обвинувањата за обид за силување. Неговиот адвокат Бенџамин Брафман изјави дека тој ќе преземе мерки против обвинувањата. Шефот на ММФ беше идентификуван од собарката која наводно ја нападнал.
Брафман изјави дека неговиот клиент ги отфрла сите обвинувања. Штрос-Кан дури денеска ќе биде изведен пред судијата кој треба да донесе одлука за евентуален притвор поради тоа што на полицијата и‘ било потребно време за обезбедување докази. Имено, полициските службеници, според сопствени наводи, бараат траги од ДНА на облеката на шефот на ММФ.
Портпарол на полицијата изјави дека Штрос-Кан не се користи со дипломатскиот имунитет. Тој може да биде осуден на 20 години затвор, доколку се прогласи за виновен.
Штрос-Кан беше уапсен во саботата вечерта во авион на „Ер Франс“ на њујоршкиот меѓународен аеродром „Џон Ф. Кенеди“, десетина минути пред да полета за Париз, под обвинение за сексуален напад врз собарка во хотел.
Њујоршкото Јавно обвинителство информира дека против Штрос-Кан се покренати обвиненија за обид за силување, сексуален напад и за задржување на лице против неговата воља.

Извор: Нетпрес

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag