Софиа Вергара: Агентот ме тераше да ги намалам градите, но мама ми рече дека Господ ќе ме казни!? Во право е мама:)))

popara18 ноември, 20111min00
0

Една од најпознатите убавици во Холивуд, актерката Софија Вергара изјавила како нејзиниот агент на почетокот на нејзината кариера ја убедувал да ги намали своите гради. Но, таа не пристапила кон тоа, бидејќи нејзината мајка и кажала дека ќе биде казнета од Господ ако го стори тоа.

“Откако се преселив во Америка се уште имав големи облини. Потоа мојот агент рече дека треба да ги намалам градите, бидејќи заради нив нема да ме перцепираат како сериозна актерка. Срцето на мајка ми скоро застана кога го слушна тоа. Таа ми кажа дека Бог ќе ме казни ако го направам тоа”, изјавила убавата Софија, додавајќи дека сега е среќна што не го направила тоа.

“Во Колумбија, жените знаат како да се носат со своето тело, па научив и јас”, изјавила актерката. Софиа исто така открила дека од храната не се откажува, бидејќи таа ужива, особено во слатките, линијата ја одржува со вежбање, иако таа мрази да вежба. Актерката релативно брзо станала позната по нејзината убавина и талент и често игра улоги на страстни жени. Во моментов ја глуми Глорија во хит серијата “Модерно семејството”. Пред да започне со глума, таа била манекенка и телевизиска водителка во Колумбија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma