Постојано сме изложени на предупредувањата да го исфрлиме прекумерното користење на сол. Но иако сите знаеме зошто солта е штетна за нашиот организам, малку од нас знаат дека исто така е лошо и да се исфрли солта од секојдневната исхрана.
Наместо двојната доза која најголем дел од нас ја конзумираат, идеалната количина е пет до шест грама дневно. Натриум-хлоридот му е потребен на телото за нормално функционирање, особено во лето, бидејќи солта во организмот помага за регулирање на течностите и овозможува нормална работа на нервите, мускулите и срцето.
Затоа, не занемарувајте го предупредувањето од лекарите и другите експерти: намалете го внесувањето на солта, но во никој случај не го исфрлајте целосно од исхраната. Така може да имате повеќе штета отколку корист.