Сон на сите познати фаци! Најтешката лимузина на светот!!!

7 ноември, 20110
ginis

Ви ја претставуваме најтешката лимузина на светот, која е навистина сон на познатите. Лимузината, која е наречена „Полноќен јавач“ со своите 22 933 килограми тежина влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Лимузината е долга неверојатни 21,3 метри, а широка 4,1 метар. „Полноќниот јавач“ е дизајн на Мајкл Мачадо и Памела Бартоломеј од Калифорнија, САД, кои своето рекордно ремек дело го претставија на јавноста во 2004 година.

Во „Полноќниот јавач“ ќе најдете три посебни соби и коктел бар, а во неа може да се сместат и до 40 патници, кои ги опслужува четиричлен екипаж. Тематската нумера на лимузината е истоимената песна „Полноќниот јавач“ од Алман Брадерс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *