Сопрете го стареењето на кожата во лето

popara9 јули, 20111min00
woman dock

Кожата на лицето ја помни секоја минута помината на сонце. За да не се каете на есен поради новите брчки, флеки и неправилности кои ги заработивте ова лето, применувајте ги овие совети кои ги подготвивме за вас.

Првите видливи знаци на стареење се забележуваат на лицето и деколтето. Дали сте се запрашале колку од брчките сте можеле да ги спречите, колку флеки и пеги сте можеле да избегнете, доколку сте обрнувале малку повеќе внимание на лицето. Но никогаш не е доцна да се тргне во борба против стареењето на кожата. Само со неколку производи кои ќе ги користите, особено во претстојниот летен период, вашето лице ќе остане заштитено.

Барем двапати во денот

За кожата да може да диши, неопходно е нејзино чистење најмалку двапати дневно. Секогаш мијте се со млака вода и сапун кој не ја суши кожата. Миењето е од големо значење, бидејќи на тој начин се отстранува вишокот на маснотии, кој во овој период се таложи многу повеќе отколку во било кое друго време од годината. После миењето, исчистете го лицето со благ тоник кој не содржи алкохол. Доколку е потребно, оваа постапка направете ја повеќе од двапати дневно.

Антиоксидансите се морални

Доколку сакате да ги избегнете појавата на брчки, опуштање на мускулите и кафените флеки на лицето, секојдневно треба да користите антиоксиданси во текот на летниот период. Освен серумот кој се нанесува после хидратантниот крем, на кожата и се неопходни и витамин Ц и консумирање на зелен чај.

Хидратација на кожата

Не престанувајте со користење на хидратантни креми за време на летниот период, па дури и ако вашата кожа е масна. Состојките на хидратантниот крем, особено водата, помагаат во регенерирање на ќелиите на кожата. Но не претерувајте со количината – доволно крем е онолку колку што ќе соберете на врвот од прстот.

Заштитен крем во дебел слој

Во никој случај не изложувајте се на сонце доколку претходно на лицето не сте нанеле специјален крем за сончање, кој содржи заштитен фактор најмалку 15. Кремата која ќе го заштити вашето лице од силните сончеви зраци треба да се нанесува во дебели слоеви на секои три часа. Кремата за сончање нема да ви помогне, доколку се пржите помеѓу 11 и 16 часот. Исто така, не заборавајте да нанесете крема и во облачните денови од летото.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag