Комичарот и сопруг на пејачка Мараја Кери, Ник Канон направил голема медиумска гужва оваа недела. Всушност, објавените фотографии на кои се гледа мало кученце врзано за балони полни со хелиум како плови низ воздухот над Лос Анџелес. Овој чин ја некои луѓе предизвикал смеа, но од страна на ПЕТА било дочекано со огорчување.
Сепак, Ник наскоро открил дека сето тоа е само трик за ТВ шоуто “летачко куче” , но ПЕТА не ја повлекла својата критика. Во официјалното соопштение велат дека Ник има лоша смисла за хумор и дека со своите постапки може да даде инспирација на некого да го направи истото со вистински кучиња.
“Ако лошиот вкус е криминал, ние ќе одиме во затвор со Ник,” изјавиле оперативците на Ник Канон во врска со целата фама која се кренала. “Да се шегувате дека сте убиле куче, без разлика дали тоа го прави дете, старец или било кој друг, не е кул кога постои можност некој навистина тоа да го направи” –изјавиле од ПЕТА.
Ник на Твитер профилот напишал: “. Ако некој е навистина толку глупав да врзе кутре за балони исполнети со хелиум, тој треба да знае дека тоа нема да му успее”