Погледнете ја најскапата фотографија на светот, чини “само” 4,3 милиони долaри :)

12 ноември, 20110
rajna

Фотографијата “Рајна II” од фотографот Андреас Гурски од Германија, достигнала рекордна цена од 4,3 милиони долари на неодамна одржаната ауксија во Њујорк.

Симетричната композиција на хоризонтални линии во две бои, на која е прикажан брегот на реката Рајна, датира од 1999 година, а била изложена во Њујор во Музејот на модерна уметност (MOMA), во Минхен и Мелбурн.

Досегашниот рекорд бил задржан на фотографијата “Без наслов” чиј автор е американскиот фотограф Синди Шерман и која во мој оваа година е продадена за 3,89 милиони долари.

Гурски е посебно ценет помеѓу ексцентричните клиенти на уметнички дела и веќе неколку пати ги соборува рекордите на достигнатите цени за своите дела.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi