Верувале или не роботот кој ќе го видите е направен од 720 листови хартија.
Неговиот креатор Тарас Леско зпочнал да го креира пред година дена, му биле потребни 350 часа работа за да ги направи деловите, а потоа четри и пол месеци за да ги состави, за да може роботот да изгледа волку добро.
Креаторот ја добил идејата да направи робот поголем од два метри, откако купил модел на робот и сам го составувал од класични делови, потоа направил 3Д приказ на компјутер. Земал листови хартија, направил шаблони за деловите на роботот, користејќи бројн ипрограми, ги испечатил, исекол и почнал да ги составува.
Роботот тежи 4,5 килограми, има околу 1250 делови, а внатрешниот скелет е составен од 12 за да може да стои.
Креаторот со својот брат го снимиле целиот процес, а истакнал дека сакал да направи нешто големо и важно.
httpv://www.youtube.com/watch?v=-g9_BQtB1h8