Спасоносно решение: Женски кондом против ХИВ!

21 јуни, 20110
kondom_1

Дали клучот во воспоставување на контрола над ширењето на вирусот ХИВ и сидата лежи во женски раце? Одговорот на најновата кампање за превенција на оваа болест е потврден. Организацијата „Универзален пристап на женски кондоми“ заедно со стотици студенти и активисти за борба против сидата, на семинар одржан во Њу Јорк ја промовирале идејата за подобра дистрибуција и употреба на женски кондоми ширум светот.
„И за мажите употребата на женски кондоми е попријатна“, тврди Луис Ван Менс, активистка во УАФЦ.


Семинарот е организиран по повод завршување на состанокот на званичници на Обединети нации за борба против сидата. Тогаш е заклучено цел на сите земји членки да биде сузбивање на ширењето на ХИВ вирусот до 2015 год. Представници на УАФЦ сметаат дека еден од основните начини целта да се исполни е токму промоцијата на женските кондоми.
Моментално, од вкупната продажба на кондоми, само еден процент отпаѓа на женски кондоми. Исто така, за превенција во ширењето на ХИВ, женските кондоми се единствено контрацептивно средство за жени поддржано од Светската здравствена организација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi