Екипата од армиски специјалци на САД, која го ликвидираше Осама бин Ладен, во Пакистан, можеби во своите редови имала и едно куќе, специјално тренирано за дејствија во екстремни ситуации, објавува “Франс Прес“, пренесува Нетпрес.
Американската армија не соопштува никакви информации во врска евентуалното учество на куче во операцијата на 1 мај, годинава, за елиминација на водачот на терористичката мрежа Ал Каеда. “Њујорк Тајмс“ прв објави дека во акцијата бил користен и пес. Потоа и други медиуми посочија дека можеби станува збор за животно специјално тренирано за наоѓање на беглаци, како во случајот со Садам Хусеин, кој беше најден од американските војници во дупка. Според “Њујорк Тајмс“, можно е “фоките“ го зеле со себе кучето, за да спречат бин Ладен евентуално да се обиде да побегне од куќата, каде најверојатно се криел години наназад.
Мајк МекКонери, шеф на “Бејден К9“, компанија специјализирана за огледување и дресирање на борбени кучиња за американската армија, можеби во операцијата учествувал овчар, белгиски или пак холандски, и тоа пред се’ поради нивните специфични вродени особености.
“Тоа се кучиња, пргави како мачки, а може и многу ефикасно да комуницираат со својот водач, дури и при екстремно стресни ситуации“, ијзавил МекКонери.
Според него, можно е слично куче да било користено и при ликвидацијата на Осама бин Ладен, за одвлекување на вниманието или пак поради одличниот њух, карактеристичен за тие раси.
“Ако ме видите да доаѓам со куче, може да пукате во мене или во него. Ако пкате во кучето, јас ќе ве застрелам. Ако пукате во мене, кучето ќе ве нападне. Тоа не се воопшто обични животни, способни се за многу работи, тоа се вистински војници.Откако ќе се пензионираат, тие заминуваат во одгледувачниците на компанијата, или стануваат дел од семејството на некој војник. Во никој случај не се ослободуваме од нив“, додал експертот.
Наредникот Вилијам Гаскинс, колега на МекКонери, за телевизијата Ем-Ес-Ен-Би-Си, изјавил дека американската армија има околу 2.700 кучиња, и тие се клуен дел од вооружените сили на земјата. Армијата на САД го користи најдобриот човеков пријател уште од граѓанската војна меѓу Сверот и Југот (1861-1865). Учеството на кучињата во воените операции значително е зголемено за време на војната во Авганистан, на пример за откривање на подметнати експлозиви од какви загинуваат повеќето војници на НАТО во оваа земја, посочува АФП.
“Кучињата се непризнати херои. Тие секојдневно спасуваат животи на многу војници“, рекол Гери Проктер, портпарол на воздушната база Лакленд во американската сојузна држава Тексас, каде се дресираат повеќето амриски кучиња.