Сперма, тоа специфично „битие“ :))) Смешни, но непобитни факти за спермата :)))

30 октомври, 20110
NASLOVNA

Сите знаеме дека нашот живот се должи на јајце клетката на мама и на малиот сперматозоид на тато. Станува збор за една јајце клетка, која брзаат да ја оплодат преку 25 милиони сперматозоиди на кубен милиметар (вие пресметајте си колку вкупно ги има :). Еве ви 10 необични, но интересни факти за спермата и како таа од „полноглавец“ се снаоѓа во времето и просторот:

1. Плодноста на брзината на светлината

Сперматозоидите во просек патуваат со брзина до 4 милиметри во минута, но неко од нив се бавни и патуваат со брзина од само 1 милиметар во минута.  Но ако се земе во предвид дека должината на сперматозоидите е само 55 милионити дел од милиметарот, односно 55 микрони пливање со 1 милиметар во минута за нив претставува брзина на светлината.

2. 25% шанса за „главната награда“

Дури и они двојки кои немаат проблеми со плодноста и не користат заштита, имаат само 25 проценти шанса да „направат“ бебе. Доколку носите тесни шорцеви и не јадете здрава храна, шансата за зачнување дополнително се намалува.

3. Спермата е како мажите – нема чувство за насока

Една од причините зошто на спермата и е потребно толку долго време за да стигне до јајцеводите е фактот дека сперматозоидите немаат чувство за насока. Иако јајцеклетката испушта хемиски супстанци кои треба да им бидат „водич“ на сперматозоидите, но тоа е како ви вистинскиот живот – кога сте виделе маж да ги послуша упатствата на жената??? Само 1 од 5 сперматозоиди тргнува во вистински правец по ејакулацијата.

4. Вашиот биолошки часовник отчукува – не на жените, туку на мажите!!!

Биолошкиот часовник на жените можеби навистина отчукува, но тие се далеку подолго плодни во споредба со мажите, чиј биолошки  часовник се исклучува многу порано во животот. Жените започнуваат со репродуктивни проблеми за време на менопаузата, но кај мажите квалитетот и квантитетот на спермата опаѓа откако ќе наполнат 25 години.

5. Њујорк против Лос Анџелес

Од засега необјаснети причини, мажите во Њујорк имаат за неверојатни 50% повеќе сперматозоиди отколку оние кои живеат во Лос Анџелес!

6. Назад за сперматозоидите е непознат поим!

Спермата може само да плива во една насока – напред.

7. Големината е важна
Спермата на овошните муви може да биде голема колку телото на машката мува, односно 1,1 милиметар. Од друга страна, кај голем број на цицачи, вклучувајќи ги и луѓето, спермата е навистина мала во просек е долга само околу 40 микрони. Стаорците произведуваат едни од најголемите сперматозоиди, кои се долги 170 микрони. Ако имаше награда за најголема сперма во природата, таа ќе одеше во рацете на Drosophila bifurca, мала овошна мува чија сперма, доколку се одмота, е долга повеќе од 50 милиметри. Тоа е 1.000 пати поголема од просечната  човечка сперма.

8. Време за созревање

На сперма и се потребни 2 ½ месеци за да созрее во тестисите. За тоа време е складирана во епидермисот кој се наоѓа на врвот на тестисите.

9. Како има доволно простор за сите „мали момци“?

Поголемиот дел од ејакулација не е сочинета од сперма. Всушност, сперматозоидите сочинуваат само 5% од течноста која се ејакулира.  Остатокот од течноста е комбинација од хранливи материи и заштитна подлога која треба да им помогне на сперматозоидите на нивниот пат кон јајце клетката.

10. Јадете зеленчук!

Јадењето свежо овошје и зеленчук, избегнувањето на брза храна и одржување на здрава телесна тежина, многу свеж воздух и вежбање, се добар начин да осигурате дека ќе имате квалитетна сперма. Исто така се препорачува земање на витамински додатоци, доволно сон и воздржување од тутун и алкохол. Така не само што ќе произведувате повеќе сперма, туку и самата сперма ќе биде со значително поголем квалитет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *