Списи за Војната

popara5 октомври, 20111min00
naslovna-spisivojna

Списите за Војната (1QM), популарно познати како “Војна на Синовите на светлината против Синовите на темнината”, претставува еден од седумте оригинални откритија во Мртвото Море, пронајдени во Кумран во 1947 година. Таа содржи 19 колони (првично имаше околу дваесет), од кои првите 14-19 линии (од околу 21-22) се зачувани. Текстот е напишан на хебрејски и датирана од крајот на првиот век п.н.е. или почетокот на првиот век од нашата ера. Седум дополнителни фрагменти (4Q491-497) со слична содржина, исто така, се пронајдени, но врската помеѓу овие текстови и 1QM не е целосно јасен, тие можеби ја претставуваат претходната верзија на Списите од Војната или извор за материјали на кои Списите се базирале.

Според една долга библиската традиција, конечната војна на Крајот на деновите (Езекиел 38-39; Даниел 7-12), списите  ги опишуваат седумте фази, дуалистичкото конфронтирање меѓу “Синовите на светлината” (термин кој се користи од страна на членовите на Заедницата), под раководство на “Принцот на Светлината” (исто така наречен Михаил, архангел) – и “Синовите на темнината” (прекар за непријателите на Заедницата ), потпомогнати од една нација наречена Китим (Римјаните?), предводена од Белиал. Конфронтацијата траела 49 години, резултирајќи со победа на “Синовите на светлината” и реставрирајќи го Храмот на жртвите. Списите од Војната ги опишуваат низата на битките, оружјето, учесниците како и воените маневри, кои потсетуваат на хеленистичките и римските воени прирачници.

Кај овие списи недостасуваат “месијански” карактеристики. Извесни детали, како на пример возраста на борците и свештеничките водачи укажуваат на идеалистичката природа на војната. Сепак, Списите од Војната ја прикажуваат политичката тензија помеѓу Римјаните и Евреите, која кулминирала со избувнувањето на бунтот во 66 година од нашата ера. Списите, исто така, фрлаат светлина на Новиот завет на Откровението, во која Војната е опишана дека се случила меѓу земните и небесните сили.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag