Спречете го стареењето со грозје

8 август, 20110
sprecete go stareeweto so grozje

Вкусното овошје не мора секогаш да го внесувате преку уста. Обидете се да направите и некоја маска за лицето и телото. Дајте и на кожата витамини, а таа ќе ви врати со убав изглед.

Авокадо

Богат со есенцијални масни киселини, авокадото е идеално за сува, оштетена и зрела кожа. Тој изобилува со витамините А, Ц, Д, Е. Освен тоа што е погоден за кожата, исто така и дава живот и на косата. Ситно испасираното зрело авокадо нанесете го на кожата и косата. Оставете нека отстои, а потоа измијте се со млака вода. Неверојатно , но вашиот изглед ќе биде променет и по првиот третман.

Кокос

Кокосовото млеко е богато со малсла и витамини кои ја хранат кожата. Кокосот содржи масла кои ја обновуваат кожата и косата и и даваат сјај.

Манго

Тоа е овошје кое се одгледува повеќе од 5000 години. Според една легенда Буда седел под дрво од манго кога го доживеал просветлувањето. Богат со витамини, минерали бетакаротен и масни киселини е одличен за нега на коса и кожа. Но, клучната состојка се наоѓа во семката која кога ќе ја пресечете ќе дојдете до големата количина на масло.

Грозје

Грозјето е прав рудник на витамини, минерали и овошни киселини, а особено полифенол и антиоксиданси кои го спречуваат стареењето на кожата. Повеќето од препаратите за зрела кожа го содржат токму овој екстракт од грозјето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi