Србија: Ноле за председател

popara3 јули, 20111min01
Novak Djokovic of Serbia celebrates his victory over Roger Federer of Switzerland in their semifinal match at the Indian Wells ATP tennis tournament in Indian Wells, California

БЕЛГРАД – Американската новинска агенција Асошиејтед прес пишува за подемот на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ до самиот врв на светскиот тенис.

“Сакам да бидам шампион”, јасно и гласно изјавил тогаш 7 годишното момче со безбол капа на главата држејќи го цврсто тенискиот рекет во рацете.

Убавото момче од старата видео снимка е никој друг него Новак Ѓоковиќ, кој во петокот му се исполни детскиот сон, да игра во финале на Wimbledon, и според репортажата на АП “и доколку Новак изгуби од Рафаел Надал, тој сепак во понеделникот ќе биде број еден тенисер во светот.

АП наведува дека Ѓоковиќ често велел дека патриотизмот е негова голема движечка сила.
“Делумно поради тоа, Ѓоковиќ е најпопуларната личност во Србија и може лесно да победи на претседателските избори, доколку сака да учествуваат во нив”, се пишува во една статија на АП.
На почетокот на декември, Ѓоковиќ и помогна на Србија за прв пат во историјата да го освои Дејвис купот, наслов кој српскиот тенисер го опиша како “најважниот момент во мојата кариера.”

“Никогаш нема да го заборавам денот кога четиригодишното момче дојде во мојот тренинг камп, и јас го запрашав “Што сакаш да станеш во животот” а тој без двоумење ми одговори, “Најдобар играч во светот”, изјави првиот тренер на Новак Ѓоковиќ, Јелена Генчич.

АП се навратува на “голем прослава”, која била организирана во Србија кога Ѓоковиќ го победи Французинот Жо-Вилфред Цонга и обезбеди место број еден на светската листа.
“Овие моменти не можете да ги опишете со зборови”, изјави Ѓоковиќ.
“Преку глава ми помина целата моја кариера од детството па се до денес. За се што се жртвував и работев целиот мој живот, сега стана реалност”, изјавил Ѓоковиќ.

“Клучот за неговиот успех е напорната работа, изјавил Пилич.
“Се разбира, Новак има неоспорен талент, интелигенција, психолошка стабилност, секогаш позитивен став, голема дисциплина, изјавил Пилич за квалитетот на српскиот тенисер.

Дописникот на АП проценува дека Ѓоковиќ особено зајакнал во војната која ја опкружувала Србија.

Дописникот потсетува дека Ѓоковиќ добар дел од младоста ја поминал како што се вели “под НАТО бомбите на сојузничките сили.”
“Ѓоковиќ и Ивановиќ тренираа во базен, и кога ќе се активираа сирените за опасност од бомбардирање тие го прекинуваа тренингот. Ова се моменти за време на бомбардирањето на Србија во 1999 година. Кога НАТО авионите го нападнаа Белград поради Косово”, стои во АП.

“Србите планираат голема прослава по финалето на Wimbledon, доколку победи Ѓоковиќ и стигне до својата трета гренд слем титула. Повеќето Срби не се сомневаат во успехот на својот најдобар играч”, пишува А.П.

One comment

  • Knele

    4 јули, 2011 at 16:05

    To majstoreeee !!!!!!!!

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma