10 работници во компанијата Smart Technologies, истиот ден добиле известување дека се отпуштени од работа, но за среќа истиот ден и дознале дека добиле 7 милиони долари на Лото. Покрај 10-те отпуштени работници има уште 8 нивни (сега поранешни колеги) кои ќе поделат по 400.000 долари. Smart Technologies најавил големи отпуштања и преместување на компанијата во Мексико, пренесува CBC News.
Еден од вработените изјавил дека повеќето од среќните добитници парите ќе ги потрошат на отплата на кредити и долгови.