Српската битка ја доби Ѓоковиќ

popara9 септември, 20111min00
Novak-Djokovic-vs-Nikolay-Davydenko-US-Open-2011

Новак Џоковиќ успеа да го совлада својот сонародник Јанко Типсаревиќ со 7-6, 6-7,  6-0 и 3-0 во четвртиот сет, резултат по кој Јанко се повлече поради повреда.

„Честитки до Јанко за фантастичниот турнир и на добрата игра денеска. Тој е мој добар пријател и не беше лесно да се игра со него. Тој сигурно е во животна форма и му посакувам побрзо да се опорави и да забележи уште поголеми успеси,” изјави Ноле по завршувањето на мечот.

Новак во полуфиналето ќе се сретне со победникот од двобојот Федерер- Цонга.

Рафаел Надал успеа да се пласира во четвртфиналето победувајќи го Жил Милер со 7-6, 6-1, 6-2. Надал во четвртфиналето ќе игра против американецот Енди Родик, кој го совлада Ферер со 6-3, 6-4, 3-6, 6-4. Другата четвртфинална двојка ја сочинуваат Енди Мареј и Џон Иснер.

Кај жените, во полуфиналето се пласираа Серена Вилијамс, Саманта Штосур, Каролин Вознијацки и Анжелик Кербер. Кербер ќе се сретне со австралиската тенисерка Саманта Штосур, додека Серена Вилијамс до титулата ќе мора да се бори против светскиот рекет број 1, Каролин Вознијацки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag