ПРЕВЗЕМЕНО ИНТЕРВЈУ: Со Чедомир Вукич
“Српската Влада не е заинтересирана за услугите на Масоните”
Историјата на масоните во светот отсекогаш била во голема тајност, пред се, поради нашата сопствена Масонска култура, претпочитајќи повеќе да се молчи,
далеку од сите кои не се масони. Но за сето тоа имало и добри причини. Со векови, Масоните биле мета на Ватикан, и на целиот Римокатолички свет,
на тоталитарните режими и ситните диктатори.
Од тоа време Масонните секогаш биле предмет на сензационалистички фантазии, приказни, митови, заговор, народни приказни и урбани легенди.
Според стара Масонска легенда, Масоните биле потомци на Master Mason Hiram, кој го изградил храмот на Solomon “Куќата на Господ”.
понатаму се вели дека тие потекнуваат Темпларите, Легендарните витези, кои биле чувари на Исусовата крв,
и има некои кои веруваат дека тие го донеле Светиот Грал во Европа, и многу други реликвии од Крстоносните војни.
Големиот Мајстор Чедомир Вукич, 33 IGH, KT го достигна врвот на масонски скали, и сега тој е Голем Мајстор на “Регуларна Голема Ложа во Србија”.
Тој има докторат по економија, со многу импресивна кариера.
Бил заменик претседател на Српската стопанска комора, работел во Владата на Сојузна Република Југославија како независен советник,
исто така бил режисер и финансиски директор на неколку компании, бил ексклузивен претставник на Американското корпоративно финансирање за Југоисточна Европа и уште многу други видни функции …
Тој е почесен член на повеќе од 30 ложи низ целиот светот, од Австралија низ Европа па се до Канада и САД.
Г-дин Вукич одлучил после 20 години да открие дека е масон, некои би рекле дека имал двоен идентитет,
а тоа го сторил од проста причина да докаже дека Масонството не е конспиративна и мистична организација.
Масонската организација не е јавен или социјален клуб, но секаде во цивилизираниот свет можете да видите Масонски сали, објекти, згради,
каде што Масоните се собираат во таканаречени Ложи и нормално функционираат.
Пред секој Масонски објект или сала, стои натпис каде е напишано името на Ложата, нејзиниот број, името на Големата Ложа надлежностите под кои работи,
што во Србија тоа не е случај, изјавил г-дин. Вукич и слободните ѕидари во Србија се поделени подолго време.
Проблемите со Голема Ложа во Југославија започнале во 1939 година, кога таа морала да биде ставена во мирување, бидејќи Германија ја започна Втората Светска Војна.
Германците исто така беле причина за уништување на многу Масонски Ложи, а многу слободни ѕидари завршиле во концентрационите логори на смртта.
По завршување на војната во 1945 година, во земјите од Западна Европа полека почнувале да функционираат Ложите, но во земјите од Источна Европа тоа започнува дури во 1990 година.
Во поранешна СФРЈ било договорено формирање на “Голема Ложа на Југославија”, како традиција на продолжување на Големата Ложа пред Втората светска војна,
и тој аранжман бил склучен помеѓу Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина.
Дали е тоа случај дека имало многу фракции во ѕидарството, по распадот на Југославија?
Се разбира во 1993 година, група на слободни ѕидари заминале во Италија во градот Римини кај наш член кој исто така бил член и на Италијански Ложа.
Тие десет лица (некои од нив се се уште живи) повикале Големо Вонредно Собрание каде што присуствувале само тие, каде одлучиле да се смени името “Голема Ложа на Југославија”
во “Регуларна Голема Ложа на Југославија”.
Тие подоцна се регистрирале во Југословенското Сојузното Министерство за Правда, како “Регуларна Голема Ложа на Југославија”, и така продолжиле да работат.
“Регуларна Голема Ложа на Југославија”. претрпела уште еден удар во 1997 година, кога една фракција се одделила и заминала под јурисдикција на Големата Ложа на Франција,
која во официјалниот Масонски круг не е призната како регуларена.
Но и таму тие имале многу меѓусебни проблеми во борбата за позиции, и кој ќе стане “Grand Master”. Но “Регуларната Голема Ложа на Србија” успеала,
со некои мали турбуленции да преживее и да функционира до 2004 година, кога повторно се појавиле некои проблеми, но веќе во 2006 година таа се распаднала како и
Државната заедница на Србија и Црна Гора.
Во тоа време имало некои 20-тина оперативни Ложи, од кои 5 биле од Црна Гора.
Во Србија преостанатите 15 Ложи кои останале од “Регуларна Голема Ложа на Југославија” се консолидирале и формирале “Регуларна Голема Ложа на Србија.
Можете ли да ми кажете, дали денес во Србија има поделби кај Масонерите?
Постојат поделби помеѓу т.н. “Послушноста” во многу Големи Ложи во Србија, Од една страна имате група на луѓе кои се дел од комунистичкиот режим кој владеел на овие простори,
и група на луѓе кои во голема мера вршат притисок да ја задржи сопствената доминација и надмоќ.
Но “Регуларната Голема Ложа на Србија” е законски и уредно регистрирана Министерство за локална самоуправа на Република Србија.
Таа е една и единствена врховна Масонска власт, која функционира без поделби, која има свој “Grand Master” и 16 оперативни Ложи уредно регистрирани, и со голем авторитет во Република Србија,
и така ќе остане за долго време.
Голем дел од имотот кој го имале масоните во Србија пред Втората светска војна, подоцна бил конфискуван и национализиран,
така што Масонските Ложи во Србија немаат своја сопствена сала и нивните активности мора да ги организираат во хотели и ресторани, но ние сме во функција да работиме и да постоиме …
Тоа се некои од ситните проблеми со кои се соочуваат Масоните во Србија, а тоа ќе биде проблем се додека Српската влада не го врати национализираниот имот кој вреди
околу 150 и 200 милиони во евра.