Земјотресот ја турна Јапонија во рецесија

19 мај, 20110
Japan Markets
После катастрофалниот земјотрес, јапонската економија забележала значителен пад во првиот квартал, со што земјата ја турка кон рецесија, пишува “Бета“, пренесува НетПрес.
Бруто домашниот производ паднал за 3,7 отсто на годишно ниво во периодот јануари- март.
Станува збор за втор последователен квартал во кој третата светска економија потфрлила. Иако нема прифатени критериуми за решение, многу економисти ја дефинирале како пад на БДП во два последователни квартали.
Во Токио, аналитичарите истакнале дека “нема сомнение“за повторното враќање на рецесијата. Најновиот извештај иако вклучува само 20 дена после катастрофата, интегрира огромни последици, а се очекува вистинските ефекти да се одразат во следниот квартален извештај.
Од земјотресот од девет степени и цунамито кое следело потоа, загинале повеќе од 24 илјади луѓе, а од лицето на земјата биле збришани цели градови во најтешко погодените региони. Штетата е проценета на 300 милијарди долари, што претставува најскапа природна непогода во светот.
Јапонија после четири месеци солиден економски раст влегол во негатива во последниот квартал од  2010 година заради слабиот извоз и домашна побарувачка. Во тој период се сметало дека влошувањето на економската состојба е само привремено.
Се очекува јапонската економија да го допре дното во другиот квартал и дека ќе забележи пораст во третото тримесечје, кога реконструкцијата ќе ја зголеми побарувачката како во приватниот така и во јавниот сектор.
За закрепнување на земјата, јапонскиот парламент на почетокот на месецот одобрил 49 милијарди долари, а се очекува и дополнителна државна помош.
Финансиските средства ќе се користат за изградба на нови живеалишта за повеќе од 100 илјади луѓе, расчистување на рушевините и поддршка на компаниите погодени од катастрофата.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi