Кина го повика Далај Лама да се врати на Тибет

19 мај, 20110
dalai-lama
Гувернерот на Тибет Падма Чолинг изјавил дека “вратата била отворена“ за враќање на будистичкиот верски лидер Далај Лама од бегство, под услов да се одрече од својата сепаратистичка политика и барање независност на Тибет.
Во првиот официјален коментар на Кина од моментот кога Далај Лама рекол дека ќе се повлече од политичката функција, претседателот на владата во егзил, Падма Чолинг рекол дека  духовниот лидер бил добредојден на Тибет кога ќе престане со неговите сепаратистички активности.
“Доколку тој сака да се врати, вратата на Кина му е секогаш отворена“, рекол Чолинг на собир организиран по повод одбележување 60 години од кинеското “мирно ослободување на Тибет“.
“Ако Далај Лама навистина се повлече како што рече, ако се откаже од сепаратистичките активности, да прекине да ја нарушува стабилноста на Тибет и навистина да се фокусира на будизмот, тоа ќе биде добро за Тибет“, рекол Чолинг.
Кина и претходно изнесувала вакви слични ставови, но познавајќи ја состојбата тие веруваат дека Пекинг нема желба да одобри негово враќање заради предизвикување на нестабилност на Тибет.
Официјален Пекинг инсистира дека Далај Лама сам да воспостави независност на Тибет, што добитникот на Нобелова награда за мир во 1989 година, негира тврдејќи дека сака значајна автономија за својата татковина на Хималаите.

По мартовското повлекување на Далај Лама, Тибетанците го избрале дипломираниот правник од Харвард Лобсанг Сангај за нов премиер кој ја презел политичката функција од тибетантскиот верски лидер.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi