Српскиот аналитичар Драгишиќ изјави за Српските медиуми дека е лудост да се верува дека Српските власти не знаеле цело време каде се крие Ратко Младиќ. Контраверзите кој го криел, кој му бил логистика сите овие години, кој му издал владини документи со нов идентитет и зошто Србија до денес не направи ништо за негово апсење, ќе бидат главна тема наредниве денови. Српската јавност поларизирана во целост. Политичките партии поделени во оценките дали е добро или лошо апсењето на Младиќ. Најгласни противници за негово апсење отсекогаш беа Српските радикали на Воислав Шешељ. Монархистот и бившиот министер за надворешни работи, а претседател на СПО, Вук Драшковиќ позитивно го оцени апсењето на Малдиќ. Во Босна со воодушевување ја прифатија позитивната вест, а ние само ќе прашаме: дали само неколку т.н генерали и квази политичари со клинички дијагнози, можеа да го запалат целиот регион? Дали со префрлување на вината на неколку клучни личности, сакаат да се исперат сите страдања изминатите 20 години во нашиот регион? Повеќе од 200.000 луѓе ги изгубија своите животи, а преку 2 милиони беа раселени за навек од своите домови.