Кој бил всушност Ратко Младиќ?

26 мај, 20110
photo_verybig_104589
Ратко Младиќ е роден во местото Божановиќ, во Босна и Херцеговина на 12 март 1943 година. Бил командант на српските сили во Босна од 1992 до 1995 година и обвинет за воени злосторства и заедно со Горан Хаџиќ биле единствено на слобода. Во јуни 1991 година е испратен во Книн, како командант на деветтиот корпус на ЈНА.
Во текот на борбите помеѓу ЈНА и хрватските сили на четврти октомври 1991 година е унапреден во генерал мајор. На деветти мај 1992 година го презел местото командант на штаб на Втората воена област на ЈНА во Сараево и набрзо е поставен на должноста командант на врховниот штаб, на местото на кое бил до декември 1996 година.
На 24 јули 1995 година е обвинет од меѓународниот суд за воени злосторства на подрачјето на поранешна Југославија за геноцид, злочини против човештвото и бројни други злочини поврзани со борбите во Сараево. Во ноември 1995 година обвинението е проширено и на геноцид и злочин против човештвото и воени злосторства во текот на нападите на силите на Обединетите нации во заштитените зони во Сребреница во јули 1995 година. Младиќ исто така е одговорен за киднапирање на персоналот на Обединетите нации во Босна.
Се претпоставува дека се криел или во Србија или во Република Српска. Мадиќ досега бил “виден“ на фудбалски натпревар помеѓу Кина и Југославија во Белград 2000 година. Влегол низ ВИП влезот и седнал во приватна ложа окружен со осум вооружени телохранители. Некои тврдат дека бил виден во предградие на Москва и дека “често“ патувал во Солун и Атина, што ги поткрена сомнежите за да се покрие неговата трага.
Во ноември 2004 година британската воена служба признала дека воената акција за апсење на Младиќ  и другите обвинети нема големи шанси за успех.
Во април 1994 година ќерката на воениот злосторник Ана извршила самоубиство во текот на студиите во Белград. Можна причина за самоубиство се критиките врз Младиќ во тогашните српски медиуми.
Се шпекулирало дека стратегијата на злочини на Караџиќ ја реализирал извршителот Младиќ, кој во Хаг е обвинет по 15 точки за геноцид и злочини против човештвото.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi