Вандалот кој „хараше“ низ Флорида во изминатите шест години и го пишувал написот ‘SLA’ на непознат број на столгоби, бандери, конечно е фатен. Но, тоа не е дете со премногу слободно време.
По неколку годишна истрага на крај уапсен беше 71 годишниот Чарлс Весли, бидејќи бил пријавен во полиција од случаен минувач кој го видел за време на неговиот вандалски чин.
Откако бил уапсен, старецот признал дека е одговорен за стотици графити кој ги оставал на бандери низ Флорида и други места.
На крајот било откриено што значи ‘SLA’ и зошто баш тоа го пишувал насекаде. ‘SLA’ било кратенка за Sane People Liberation Army. Тоа е , наводно, група на луѓе кои ќе ја спасат Америка ако дојде до колапс, никој незнае кои треба да се челновите на групата, а се претпоставува дека тоа го смислил самиот старец и дека е апстрактен концепт.
Репортажата за старецот кој шест години цртал графити видете ја на видеото кое следува!