Стартува полуфиналната серија од плеј офот во кошаркарскиот шампионат

popara27 април, 20111min00
derbi_rabotnicki_mzt_mkf

Полуфиналната серија од плеј офот во македонскиот кошаркарски шампионат стартува во среда навечер.

Со почеток од 20:00 часот, МЗТ Скопје пред празни трибини, поради изречената казната за одигрување на два натпревари без присуство на публика, ќе го пречека вечниот ривал Работнички. Во вториот дуел, чиј старт е закажан за од 19:00 часот, Фени Индустри важи за фаворит против екипата на Торус.

Утре во Скопје и Кавадарци четирите најдобри тимови во регуларниот дел од сезоната во елитниот домашен кошаркарски шампионат ќе ја започнат битката за шампионската титула.

Полуфиналната серија на плеј – офот ќе ја отворат екипите на Фени Индустри и Торус. Актиелниот бранител на трофејот ќе стартува со почетна предност од 1-0, во дуелите против Торус. Со оглед на тоа Кавадарчани важат за фаворити во серијата “кој прв до три победи“. Освен почетната предност од 1-0, кошаркарите на Фени Индустри ќе ја имаат и предноста на домашен терен, која им ја дава најдобриот скор во регуларниот дел од првенството.

Многу понеизвесно се очекува да биде во втората полуфинална пресметка во која силите ќе ги одмерат вечните ривали МЗТ Скопје Аеродром и Работнички. Ова ќе биде шестиот натпревар на вечните ривали во оваа сезона, петти во првенството во кое засега се израмнети (2-2) поради што во плеј – офот ќе стартуваат “од нула“.

Голем хендикеп за домашната екипа на овој меч ќе биде казната според која овој натпревар мора да го одигра без присуство на гледачи во салата “Јане Сандански“. Сепак, како што дознаваме домаќинот за своите гледачи ќе организира заедничко следење на натпреварот на голем видео бим поставен пред самата сала.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag