Russell Crowe за прв пат ќе режира филм
27 април, 20110

Актерот Russell Crowe ќе им се придружи на сите свои колеги кои од актери решија да станат режисери. Тој сеуште нема потпишано, но е многу заинтересиран за режија на филмот “77”, кој е полициска драма.
Приказната ќе зборува за два не разрешени инциденти а дејствието ќе се одвива во седумдесетите години. Тој во филмот воедно ќе ја има и главната улога.
Сценариото на филмот го направи David Williams по приказната на легендарниот James Ellroy, во продукција на Dick Wolf и Tony Ganz.