
Една постара брачна двојка по грешка добиле пратка со два килограма марихуана во неа, соопштила полицијата од местот Uper Darbi во американската држава Пенсилванија.
Неколку дена тие не го отвориле пакетот бидејќи не им било познато името и презимето на испраќачот и пратката ја оставиле на тремот на куќата уверени дека се работи за грешка. Бидејќи никој не се јавил да ја побара пратката, сопружниците решиле да ја отворат и во неа пронашле марихуана, чија вредност полицијата ја проценила на 10.000 долари. Веднаш потоа тие пратката ја предале на полицијата.