Стив Џобс бил изнервиран од вработен во Microsoft, па одлучил да направи iPad

popara27 октомври, 20111min00
sjobs2

Коосновачот на Apple, Стив Џобс, и главниот човек на Microsoft, Бил Гејтс, низ долги години беа ривали, но и колеги и пријатели. Од изјавата на Џобс за основачот на Мајкрософт, може да се заклучи дека немал превисоко мислење за него. Сепак, се чини дека Apple му должи голема благодарница на Microsoft, бидејќи најпродаваниот гаџет во историјата – iPad – никогаш немало да се појави, доколку, наводно, вработен во Microsoft на една вечера не го изнервирал Џобс за тој да одлучи да направи таблет компјутер.

„На таа вечера десет пати ми говореше за тоа и бев сосема луд, така по доаѓањето дома реков: За*би, да им покажеме каков таблетот навистина може да биде”, рекол Џобс.

Како што пишува Dailly Mail, лутината го мотивирала да го креира 7 инчниот iPad, осетлив на допир и да го претстави во април, 2010, а потоа и втората генерација на овој уред, кој засега е продаден во повеќе од 39,8 милиони примероци.

Оваа приказна е само една од многуте во неодамна овјавената авторизирана биографија на Стив Џобс, која ја напиша Волтер Исаксон. Исаксон разговарал со повеќе од 100 личности кои биле блиски со Стив, и објавил дури 40 интервјуа со самиот Џобс.

Многумина сметаат дека оваа книга многу брзо ќе стане бестселер. Во книгата исто така се открива и дека Џобс имал „проблематичен психолошки став” према храната.

Често бил на диета и јадел само житарици, морков и овошје кое не содржи скроб. Понекогаш јадел само јаболки. Елизабет Холмс, пријателка на Џобс и вработена во Apple, изјавила: „Стив умираше од глад кога ќе дојдеше на работа, а потоа се прејадуваше. Потоа се чистеше. Со години мислев дека има булимија.”

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag