Сите овие алатки се користени од стоматолошки доктор во старите времиња. Дури се плашам да замислам што правеле… Погледнете ги овие необични стоматолошки третмани од древните времиња. Уживајте.
Стоматологијата е гранка на медицината во која е вклучена: дијагнозата, превенцијата, и лекување на болести, нарушување и состојби на усната празнина, максилофацијалната област како и останати поврзани структури и нивното влијание врз човековото тело. Стоматологијата смета за неопходност за севкупното здравје на човекот.
Археолошките откритија на античката стоматологија сугерираат дека во третманите се вклучуваат механички средства и медицински методи на лекување како користењето на протеза и уметноста на примена на вештачки замени за изгубени стоматолошки структури.
Се верува дека најстарата цивилизација, која ја изучувала стоматологијата бил Египет. Првите индикации за таквото знаење се наоѓа во Едвин Смит хируршкиот папирус.
Доказ за генијалноста на праисторискиот човек е тоа што истражувачите откриле дека забното дупчење датира пред 9,000 години. Примитивните стоматолози совршено ги оперирале нивните пациенти помеѓу 5500 и 7000 п.н.е. Археолозите неодамна откриле 9 черепи со 11 пломби во гробен локалитет во Пакистан. Со овие докази се потврдува дека стоматологијата е 4000 год. постара одошто се мислеше.
Истражувачите откриле дека бил користен мал лак за дупчење на забот. Најверојатно се стигнало до оваа техника, како усовршување на дотогашната пракса која била користена за декорација на забите.