За намалување на килограмите не е потребно само да спроведете режим на исхрана и да вежбате. Сонот игра голема улога во слабеењето. Најновото истражување кое беше спроведено во медицинксиот центар во Портланд покажува дека сонот ги топи килограмите.
Така луѓето кои не спијат од 6-8 часа дневно и се изложени на стрес, се изложени на дебелеење. Научниците веруваат дека сонот од 6 до 8 часа во ноќта помага да се постигне рамнотежа на хормоните кои предизвикуваат чувство на глад и ситост, и позитивно влијае за справувањето со стресот во текот на денот. Недостигот на сон носи дисфункција на хормоните, раздразливост, поголема осетливост, чувство на глад па тогаш луѓето посегнуваат по брзата храна која е премногу калорична.