Цеца: Доста ми е од затвори, не сум виновна!

30 март, 20110
ceca golema
Сите одлуки ги носеше Жељко. Нема да дозволам моите деца да патат заради мене, ќе докажам дека немам врска со таа приказна. Доста ми е од затвори“, рекла Светлана Цеца Ражнатовиќ на сослушувањето, која завчера беше обвинета за незаконито продавање на 10 фудбалери од ФК “Обилиќ“ и недозволено поседување на 11 пиштоли.
“Јас бев само формално претседател на клубот зашто мојот сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан не можеше да патува во странство“, рекла Цеца.
Во обвинението се наведува и изјава на пејачката во врска со работењето на ФК “Обилиќ“.
“Формално бев на таа должност од 25. Јули 1998 година до 19. Јули 1999 година, кога беше усвоена мојата оставка. Сите работи и раководење со клубот до својата смрт на 15. Јануари 2000 ги обавуваше мојот сопруг. Додека тој беше жив, јас не носев никакви одлуки во клубот. Сите трансфери се извршени пред смртта на Жељко, па дури и оние кои се наведуваат по неговото убиство. Не знам дали некакви средства од трансферите на играчите се префрлени на моја сметка во Комерцијална банка, но доколку се, со тоа располагаше мојот сопруг“, изјавила Цеца и напоменала дека Жељко голем дел од парите ги вложувал во клубот.

Во обвинението, во кое српски “Ало“ имал увид, Ражнатовиќ навела дека Аркан во врска со финансиските одлуки се консултирал со својата кума Станислава Чочоровска, која во декември 2007 година е осудена на 14,5 години затвор за шверц на пола тон кокаин. Според Цеца, Чочоровска во клубот имала функција на финансиски директор, која по смртта на Аркан многу пати доаѓала во судири со вработените. Цеца тврди и дека нејзината сестра Лидија дури по смртта на Аркан и’ се доверила дека во договор со него отвориле сметка во Кипар, за која таа не знаела.

“Сестра ми Лидија, која беше вработена како секретарка во ФК “Обилиќ“, дури по смртта на мојот сопруг ми кажа дека со договор со него отвориле сметка на нејзино име во Кипар, оти Жељко неможеше да патува надвор од земјата, а преку таа сметка можел да врати некои свои долгови. Кога по втор пат бев избрана за претседател на клубот, често одев таму, како и Станислава Чочоровска, која почна јавно да се судира со вработените во клубот“, објаснила фолк пејачката во текот на истражната постапка, тврдејќи дека од ниту еден менаџер не добила пари на рака и дека никогаш не вложила пари во клубот.

Ражнатовиќ и нејзината сестра Лидија, се обвинети дека од 14. Август 2000 година до 21. Мај 2003 година, незаконски присвоиле околу четири милиони германски марки и повеќе од три милиони долари од трансфер на фудбалери од ФК “Обилиќ“, во странски клубови.
Во обвинителниот акт се вклучени и поранешните раководители во ФК “Обилиќ“ Драгиша Биниќ и Јован Димитриевиќ кои се обвинети поради незаконска продажба на еден играч.
Доколку се докаже дека е виновна, на Цеца и’ се заканува казна затвор од две до 12 години.
Истрагата против Цеца е покрената уште во април 2003 година поради недозволено држење на оружје, поради што беше уапсена во акцијата “Сабја“, а во вилата во која живее биле пронајдени повеќе парчиња огнено оружје.
Обвинителството потоа, поради сомнежите за незаконската продажба на фудбалери, барало повеќе проширување на истрагата и нејзино дополнување, што конечно било завршено во јуни, минатата година.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi