Клуни и Роналдо на листата на сведоци за Берлускони

30 март, 20110
berlusconi

Холивудскиот глумец Џорџ Клуни и португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо, би можеле да сведочат во одбрана на Берлускони. Според обвинението, италијанскиот премиер на малолетната мароканка позната како Руби, и плаќал за сексуалните услуги. Според наводите, Берлускони и Руби се состанале 13 пати во периодот од 14 февруари до 2 мај во 2010 година. Во Италија казната за секс со малолетни лица е затвор од 6 месеци до 3 години. Познатиот глумец Џорџ Клуни се најде на листата, бидејќи тој поседува куќа на брегот на езерото Комо во северна Италија, во близина на приватната вила на Берлускони, каде наводно се правеле лудите забави. Судењето на Берлускони започнува на 6 април. Глумецот со својата сопруга Каналис се предложени за сведоци бидејќи Руби изјавила дека и тие присуствувале на една од забавите, изјавил адвокатот на премиерот. Руби, исто така, тврди дека го познава Роналдо и дека со него имала сексуални односи, откако се запознале во ноќен клуб во Милано, во јануари оваа година. Португалецот пак ги демантираше изјавите дека тој се познава со Руби. Судиите во Милано можат да ги одбијат предложените сведоци, доколку сметаат дека нивното сведочење е ирелевантно за случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi