Страшната приказна на една проститутка

popara25 мај, 20111min00
prostitutki

Една млада жена ја открива својата страшна приказна за проституција, сексуално ропство и опстанок.

“Се сеќавам на времето кога се молев, кога овие работи ми се случуваа, го молев Бог да ме остави да умрам“, изјавила жената, која телевизиската куќа од Сан Диего 10News ја именувала како Сара.

Нејзиниот кошмар започнал на еден паркинг во Сан Хозе. Сара, имала 18 години и шетајќи сред бел ден била нападната и опколена од група мажи кои ненадејно искочиле од автомобил и ја коднапирале. Еден од напаѓачите извадил пиштол и ја присилил да влезе во автомобилот. Сара била одведена во една куќа, каде што повеќе пати била тепана и силувана.

“Тие ме силуваа со врзани очи, потоа ми пишуваа навредливи зборови по моето тело“, изјавила Сара. Во текот на една година, Сара и други девојки како неа, биле носени низ различни места за проституција. Не постоел начин да биде спасена, бидејќи киднаперите ја заплашувале дека ќе го убијат нејзиниот брат.

Кога можноста за нејзината смрт станала вистинита, Сара успеала некако преку некој близок човек на киднаперите да подметне ливче со контакт телофон до нејзините родители, со чија помош понатаму била спасена.

Приказната на Сара ја разбранувала јавноста, со општествен проблем кој нема да исчезне. Во новиот извештај на земјата спроведен од полицијата, се утврдува дека проституцијата со малолетници е многу чест проблем во Америка.

Низ целиот округ, биле уапсени 76 девојки под сомнение за малолетничка проституција, а тоа претставува зголемување од 27% во однос на предхнодната година. Повеќето од девојките се присилени на проституција од страна на семјеството или пријатели, а во случајот со Сара, од непознати лица.

Еден од киднаперите на Сара, бил уапсен и осуден, а друг негов соучесник се води за исчезнат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag