Страшно :) Лејди Гага и Шер со дует во септември!

20 август, 20110
Cher, Lady Gaga

Долгоочекуваната соработка помеѓу Лејди Гага и Шер – песната насловена „The Greatest Thing“, која е напишана од Гага и продуцентот Ридван – само што не излегла во етерот. На прашањето на еден фан кога песната ќе биде готова, Шер брзо му одговорила на Твитер со: „СЕПТЕМВРИ“. Соодветен коментар на ова би било: Да живеат дивите!

„The Greatest Thing“ најверојатно ќе биде водечки сингл на 26-тиот студиски албум на Шер, на кој веќе од неодамна напорно се работи. Лани, оваа ѕвезда кажа за списанието EW дека работи заедно со Дијан Варен, легендарниот текстописец чиешто име стои позади фамозната песна на Селин Дион „Because You Loved Me“, како и позади две песни од филмот „Burlesque“, од кои едната е моќната балада „You Haven’t Seen the Last of Me “во изведба на Шер.

„Има да биде неверојатен“, прокоментира Шер за албумот, уште додека тој беше во рана фаза на подготовка. „ Ќе биде нешто повеќе од досега. Не знам како да го склопам тоа во реченица. Не можам ни во жанр да го сместам. Има малку повеќе вистински инструменти во него, гитари и слично.“ Некаде во јуни, Шер им соопшти на фановите на Твитер дека новиот и сеуште не насловен албум ќе биде „WAY DANCE“ (дали ова е самиот наслов, никој не може со сигурност да потврди).

Официјален датум за албумот и за синглот сеуште нема, но можете мирно да спиете кога знаете дека феноменална соработка на две диви и ште еден дива „камбек“ само што не се случиле. Сметајте го ова за подарок што бевте супер добри ова лето.

Дали сте љубопитни за што станува збор и како ќе звучи песната „The Greatest Thing“ ? Епа, вие сте вистински среќници; тука можете да ја слушнете демо верзијата на песната, целосно испеана од Гага, која неодамна се најде на интернет. Уживајте:

httpv://www.youtube.com/watch?v=s155Xnp_yjY

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit