Стрелките на саатот влијаат и на расположението :) Што се нема да смислат :)

popara28 септември, 20111min00
strelki

Научниците од Вирцбург извршиле неколку експерименти со кои докажале дека стрелките на часовникот влијаат на нашето однесување.

На учесниците во студијата им биле понудени разни видови на бомбони, од оние најстандардни, со вкус на јаболко, лимон, цреша, со оние со вкус на лубеница, папаја или пуканки.

За да може да прочитаат за кој вкус се работи, испитаниците морале да ја свртат чинијата, било на лева или десна страна, зависно од тоа во која група се наоѓа.

Се покажало дека оние кои чиниите ги свртувале во насока на стрелките на часовникот почесто ги избирале оние невообичаени бомбони, додека оние кои ги вртеле во обратен правец од стрелките ги избирале оние бомбони со познати вкусови.

Заклучок: вртењето на десната страна поттикнува отвореност кон новите работи, додека кон левата страна асоцира на она што веќе ни е познато и што ни нуди сигурност.

Во друг експеримент испитаниците добиле задача да повлечат рачка, а при тоа да ги опишат своите интереси и погледите кон светот, дали се отворени кон новитетите, толерантни, креативни или пак вреднуваат се што е традиционално и конзервативно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag