Што е заедничко за Кока Кола, Ватикан и Apple? Доверливоста на податоците кои ги чуваат како воена тајна, а конкуренцијата би била пресреќна да може да дојде до добро чуваните тајни на водечките компании во светот.
Apple
Ова компанија не само што го крие дизајнот на своите производи, туку и датумот на нивното објавување, поради што за новиот iphone, ipad, медиумите постојано известуваат. Се појавуваат ексклузивни снимки на нови smartphones генерациии и информации за карактеристиките на производите кои доаѓаат од доверливи информации.
Кока Кола
Во радио емисијата “тој американски живот“ во февруари оваа година објавено е дека е откриен тајниот рецепт за кола кола, но најголемиот производител на безалкохолни пијалоци во светот, брзо го демантираше ова. Постои само една вистинска работа, изјавил портпаролот на Кока кола, Кери Треслер. Оригиналната кока кола содржи една клучна состојка која се чува во тајност од јавноста и конкуренцијата.
Вредноста на Гугл на пазарот е 45 милијарди долари, а добар дел од успехот е базиран само на преслистувачот и нивниот таинствен алгоритам кои ни овозможува на интернет за само неколку секунди ги најдеме информациите кои ги бараме.
Сваровски
Како се изработуваат кристалите Сваровски? Основачот Даниел Сваровски развил и патентирал посебен индустриски метод за обработка на кристали, со кој се запознаени само избрани работници од австриската компанија.
Богатството на Ватикан
И Ватикан е компанија. Зад ѕидовите се крие богатство кое сигурно ги надминува вкупните средства на најбогатите луѓе во светот. Во сопственост на Ватикан, наводно е и половина Рим, а за уметничките дела и стари документи, книги воопшто да не зборуваме. Постојат сомневања дека Ватиканската б анка е полна со пари од сомнително потекло.