НАТО го бомбардираше и Пакистан, ранети два војника

17 мај, 20110
apaches
Два воени хелихоптери на НАТО денес извеле прекуграничен напад на контролниот пункт на пакистанската војска во племенската област на Пакистан и раниле два војника, соопштиле претставници на локалните безбедносни сили.
“Два хелихоптери на НАТО влегоа во воздушниот простор на Пакистан и испалија ракети на воениот пункт при што двајца војници се ранети“, рекол висок функционер.
Нападот се случи две недели откако припадниците на американските специјални единици на 2. Мај во Аботабад, Пакистан изведоа акција во која беше убиен водачот на Ал Каеда, Осама Бин Ладен.
Оваа акција го разлути пакистанскиот државен и воен врв и предизвика дополнителна омраза кај Пакистанците, кои одамна чувствуваат омраза кон САД поради нападот на американските беспилотни летала на пакистанска територија, во кои се убиени стотици лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi