Дваесетгодишен струмичанец бил прободен со ноже во тепачка која се случила околу еден час полоноќ пред слаткара во Штип.
“Пред слаткарата ’Пролет’ во Штип, настанала тепачка меѓу струмичанецот П.Љ. (20) и лицето А.Ѓ. (20) од Ново Село-Струмица, во која се вмешал и С.В (21). Во тепачката си размениле удари со тупаници во пределот на лицето. Во еден момент С.В. од џеб извадил нож со сечиво од 10 сантиметри и се обидел да го прободе П.Љ. кој успеал да му ја фати раката и притоа С.В. се самоповредил во пределот на десната надколеница. Откако се повредил, С.В. со ножот го удрил П.Љ. во пределот на грбот, по што биле разделени од случајни минувачи. Кај П.Љ. е констатирана убодна рана во десната страна на грбот. Повреден бил и С.В., кој добил разредна рана на десната надколеница. Кај С.В. е утврдено присуство на алкохол во крвтта од 1,87 промили, а кај П.Љ. од 1,20 промили“, соопштува полицијата.
Извор: Нетпрес