Судбоносното “да”, крунисано со прстен од 18-каратно злато и платина

popara3 јули, 20111min00
wedding_s640x500

Принцот Алберт ll од Монако и јужноафриканската олимписка пливачка Шарлен Витсток кои во петокот го потпишаа граѓанскиот брак, се венчаа вчера попладне во Монако и на верска церемонија пред околу 800 гости. Судбоносното “да” пред Бога е крунисано со прстен од 18-каратно злато и платина.


Невестата носела венчаница дизајнирана од Џорџо Армани и долг превез.
Внчавката во градината на дворецот на Грималди била пратена и пренесена од телевизиите низ цела Европа. Мисата започнала во 17 часот во палатата, наместо во катедралата во која пред повеќе од половина век на венчани родителите на принцот Алберт.
Богослужба била емитувана преку видео- бимови распоредени низ целиот град.

Италијанскиот тенор Андреа Бочели на крајот на церемонијата ја пеел”Аве Марија”, а кога церемонијата била завршена, младенците поминале низ градот со автомобил со отворен покрив за да ги поздрават граѓаните кои собрале на улиците.
На крајот, по свечената вечера, блиските присуствувале на балот кој бил пропратен со огномет.
Алберт ll (53) и поранешниот шампион во пливање Шарлен Витсток (33) се запознале во 2000 година, а нивната врска ја објавија во 2006 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag