Судот одлучил судењето за веќе починатата поп икона, Michael Jackson да се одложи за четири месеци. Според новата одлука на судот, судењето би требало да започне кон крајот на септември. Одлуката е донесена со цел да се даде повеќе време на одбраната на докторот Conrad Murray, да ги собере потребните докази и да ги спреми стручните лица кои ќе бидат вклучени во судењето.
Судијата кој го води случајот се изјаснил дека поважно е да се реши случајот вистински отколку да се брза, а при тоа да не се донесе правилната одлука.
Докторот Murray, кој се изјасни за невин, е задоволен од одлуката на судијата.