Вишиот суд во Белград денес го усвои договорот за признавање на вината меѓу пејачката Светлана Ражнатовиќ Цеца, нејзината сестра Лидија Величковиќ и вишото обвинителство во Белград.
Според тој договор, Цеца признава дека противправно присвоила пари од трансферот на 10 фудбалери од ФК Обилиќ во странски клубови и без дозвола поседувала 11 пиштоли, во замена за една година домашен притвор и 1,5 милиони евра парична казна.
Лидија Величковиќ се договорила со судот да признае дека и’ помагала на Цеца во замена за шест месеци куќен притвор.
ФК Обилиќ има право, како оштетена страна да покрене жалба на оваа одлука во рок од осум дена, а доколку не го стори тоа решението ќе стане правосилно и судот ќе закаже изрекување на пресудата.
Извор: Нетпрес