Севка се стави на фенг шуи диета

popara26 септември, 20111min00
severina

Познатата хрватска пејачка Северина ужива во својата прва бременост и мора да признаеме дека изгледа фантастично. Таа вели дека тоа се должи на здравата исхрана бидејќи, под влијание на нејзиниот вереник, таа решила да се придржува на фенг шуи начинот на исхрана.

„Убаво ми е кога весниците пишуваат дека сум секси трудница. Вистина е дека внимавам на исхраната. Милан има многу литература околу фенг шуи начинот на живот, па јас ги следам советите за тоа како да го одржам моето тело во топ форма“, вели познатата пејачка.

Фенг шуи подразбира внимателно одбирање на просторот во кој се јаде, избегнување на црвената боја и јадење на многу храна која има зелена боја, како на пример многу видови зеленчук. Северина вели дека во последните два месеци намалила неколку килограми, но дека тоа е само резултат на промена на начинот на исхрана.

„Секое утро пешачам половина час, јадам три пати дневно на интервали од четири часа и два пати неделно вежбам“, изјави Севе пред да дознае дека е бремена. Таа вели дека ја задржала истата рутина, но наместо обични вежби, сега ќе се фокусира на труднички.

Севе е пресреќна и вели дека едвај чека да се породи. Таа одамна има изјавено дека сака големо семејство со многу деца. Па, на добар пат е со нејзиниот план за децата, уште да го натера Милан за свадба…

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma