Супербактерија откриена во кравјо млеко, но и кај луѓето

popara3 јуни, 20111min00
mrsa_1000mag
Потполно нов вид на супербактерија МРСА (метицилин резистентна стафилокока ауреус) која е отпорна на лекови е утврден во кравјото млеко и кај луѓето во Велика Британија и Данска,пишува “Танјуг“, пренесува НетПрес.
Досега невидена варијанта на таа бактерија“потенцијално претставува проблем за јавното здравје“, истакнал Макр Холмс, виш предавач за превентивна ветеринарна медицина на Универзитетот Кембриџ. Во студијата се истакнува дека ново откриената МРСА не е опасност за конзументите на пастеризирано млеко и млечни производи, но дека луѓето кои работат со стока би можеле да бидат изложени на тој ризик.
Бактеријата “која јаде месо“ се појавува како голема закана во болниците ширум светот, претставувајќи потенцијална смртна опасност доколку се зарази пациент кој имал некаква рана.
Засега не може да се каже дали во овој случај кравите ги заразиле луѓето или обратно, истакнал Холмс, додавајќи дека е безбедно да се пие пастеризирано млеко и да се јаде говедско месо, како и во процесот на правење сирење “во принцип бактеријата се уништува“.
Холмс наведува дека најголема загриженост предизвикува можноста  новиот вид на МРСА бактеријата  може со традиционалниот генетски тест да биде погрешно идентификуван како подложен на антибиотици, што значи дека луѓето би можеле да добијат погрешни лекови. Британскиот тим со соочил со новиот вид МРСА истражувајќи маститис кое е сериозно заболување кои ги погодува и млечните крави.
При извршени тестирања на луѓе кои веќе биле лечени од МРСА бактеријата откриен е новиод вид и тоа кај 12 луѓе во Шкотска, 15 во Велика Британија и 24 во Данска.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag