Младиќ: Ја бранев мојата земја и мојот народ, сакам да доживеам слобода

3 јуни, 20110
_53215921_53215920
Јас ја бранев мојата земја и мојот народ, не го бранев Ратко Младиќ. Сега пред вас го бранам Ратко Младиќ,  рече хашкиот обвинет на денешното судење во Хаг.
На прашањето на судијата Алфонс Ори, како е третиран во притвор, Младиќ рече :
“Јас не се плашам од новинари, го бранев својот народ, а не Ратко Младиќ. Господине Ори кон мене се однесуваа човечки и достоинствено, само ме нервираат фантомките. Јас го бранев својот народ и јас не убивам муслимани и Хрвати, јас сега не убивам во Либија, ниту во Африка, јас само ја бранев својата земја.“
Судијата Ори тука го прекина Младиќ, предупредувајќи дека се оддалечил од темата, а потоа обвинетиот рече:
“Сакам да живеам и да доживеам слобода. И оваков каков што сум ја бранам својата земја и народ. И ве молам да се договориме како луѓе. Не сакам да ме водат под рака како слеп човек, кога нема да можам да одам ќе ги замолам да ме придружат. Не сакам да ме водат, јас сум генерал Ратко Младиќ, во цел свет знаат кој сум“, беа последните зборови на Ратко Младиќ во првото појавување пред Хашкиот Трибунал.
Поранешниот водач на војската на Република Српска денес пред судот не се изјасни за вината и заради тоа расправата е одложена за 4 јули.
Младиќ е во притвор во Хаг од 31 мај. Првото обвинение против него за геноцид над седум илјади Муслимани во Сребреница, Трибуналот го подигна на 25 јули 1995 година, но тој остана бегалец до 26 мај, кога српските власти го уапсија во Лазарево кај Зрењанин.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *