Сури Круз со сигурност е неодоливо слатко девојче, меѓутоа таа е и мала модна икона.
Минатата недела Сури беше фотографирана од папараците како шета со мајка и (Кејти Холмс) во Њу Јорк. И само во еден ден малата Сури беше фотографирана во две различни модни креации.
Петгодишното девојче прв пат беше фотографирана во розево DNKY фустанче со розеви VENETINI чевли, нејзиното омилено H&M капутче и црно fedora шеширче од ARMANI, во рацете држејки кукличка.
На вторите фотографии може да се забележи сосема друг изглед на малата трендсетерка. Облечена во плаво GAP фустанче, златни чевли со мала штикла, виолетова ташничка, розево шеширче и розево капутче.
Слатко нели!!!