Св. Јоаким Осоговски

23 декември, 20110
naslovnajo

На падините на Осоговските планини, во непосредна близина на пограничниот град Крива Паланка, се наоѓа манастирскиот комплекс, посветен на пустиножителот Св. Јоаким Осоговски, за кого се смета дека е негов основоположник. Манастирот нема ктитор, туку народот сам го градел, на што кривопаланчани се особено горди.

Манастирот во својата богата историја бележи подеми и падови и редовно бил посетуван од повеќе црковни великодостоинственици, државници и патописци. Најстариот објект во манастирскиот комплекс е малата црква на Рождество на Пресвета Богородица, градена во XIV или XVI век, врз темели на црква од XI и XII век. Градбата ја карактеризира византиски стил и претставува една од првите средновековни цркви на тлото на Македонија.

Изградбата му била доверена на протомајсторот Андреј Дамјанов, најпрочуениот градител на Балканот од почетокот на XIX век. По својата архитектонска диспозиција, црквата претставува монументална трикорабна базилика, со два реда по три столба, кои целиот простор го делат на дванаесет травеи, над кои се изведени куполи.

Стариот повеќекатен конак, северозападно од црквите, во поново време е комплетно обновен. Во него секоја година се одржува ликовна колонија. Денес манастирот е отворен за верници, посетители, патници и добронамерници кои доаѓаат на поклонение пред чудотворните мошти на св. Јоаким, кои се чуваат во манастирот. Во него се наоѓаат две цркви, Рождество на Пресвета Богородица и Св. Јоаким, како и неколку конаци кои нудат услови за престој на гости. Во рамките на манастирот се наоѓа и ресторан со широка понуда на автентични јадења, а природата околу манастирот нуди неповторливи услови за прошетка.

Внатрешноста и тремовите на црквата се живописани од вештата рака на четворица македонски зографи. Димитриј Андонов Папрадишки, во периодот од 1884-1945 год. со љубов го пренел сето свое умеење, насликувајќи ги северното и јужното кубе од тремот, западната и јужната фасада и кубињата над тремот од јужната страна. Тука работеле зографите Мирон Илиев, Аврам Дичов и Глигорие Петрович од с. Тресонче, кои го живописале средното кубе над тремот од западната страна на црквата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma